Кралицата му ги одзеде сите кралски и воени титули на принцот Ендру
На британскиот принц Ендру му се одземени воените титули и е тргнат од чело на сите организации со кои управувал, објави Бакингемската палата, еден ден откако судијата одлучи дека може да продолжи граѓанската тужба против синот на кралицата за сексуална злоупотреба .
Ендрју, исто така, повеќе нема да го користи називот „Неговото кралско височество“ во кое било официјално својство, изјавил кралски извор за Си-Ен-Ен.
-Со одобрение и договор на кралицата, воените припадности и кралските покровители на војводата од Јорк се вратени на кралицата. Војводата од Јорк ќе продолжи да не презема никакви јавни должности и го брани овој случај како обичен граѓанин – соопшти палатата.
A statement from Buckingham Palace regarding The Duke of York: pic.twitter.com/OCeSqzCP38
— The Royal Family (@RoyalFamily) January 13, 2022
Кралскиот извор, исто така изјави за Си-Ен-Ен дека „сите улоги на војводата се вратени на кралицата со непосреден ефект за прераспределба на другите членови на кралското семејство. За појаснување, тие нема да се вратат на Војводата од Јорк“.
Во средата, Американскиот суд ја отфрли понудата на британскиот принц Ендру да ја одбие тужбата на Вирџинија Џуфри, која тврди дека била тргувана од Џефри Епстејн и која го обвинува војводата од Јорк дека сексуално ја вознемирувал кога имала 17 години. Ендру енергично ги негираше тие тврдења. Обвиненијата против Ендру, заедно со неговата врска со починатиот осуден сексуален престапник Епстејн веќе одамна го нарушија угледот на принцот.