Магазин
Кралот Чарлс и принцезата Кејт излегоа од болница
Кралот Чарлс III и неговата снаа, принцезата од Велс, ја напуштија приватната болница во Лондон по неповрзани медицински третмани.
75-годишниот монарх во петокот беше примен на клиниката во Лондон на лекување на зголемена простата, која Бакингемската палата ја опиша како бенигна. Принцезата Кејт, престојуваше во болницата во последните две недели по абдоминална операција поради непозната состојба.
Чарлс излезе од клиниката со неговата сопруга, кралицата Камила, околу 15 часот по локално време, застанувајќи да ги поздрави добронамерниците, но игнорирајќи ги извикуваните прашања од новинарите. Неколку часа претходно, канцеларијата на принцезата соопшти дека таа се вратила дома за да се опоравува, иако не била видена како ја напушта болницата, а деталите за тоа кога заминала не биле објавени.
-Принцезата се врати дома во Виндзор за да го продолжи опоравувањето од операцијата. Закрепнувањето напредува добро. Принцот и принцезата од Велс би сакале да упатат голема благодарност до целиот тим на клиниката во Лондон, особено на посветениот медицински персонал, за грижата што ја пружија. Семејството од Велс продолжува да биде благодарно за добрите желби што пристигнаа од целиот свет – се вели во соопштението.
Четириесет и двегодишната Кејт помина 13 ноќи во болница по операцијата. Британското кралско семејство не откри што оперирала Кејт, освен дека не станува збор за рак, но кажа дека рехабилитацијата ќе трае со месеци. Таа нема да им се врати на своите јавни задолженија до Велигден на крајот на март.