Магазин
Кралот Чарлс III се здружува со Амазон за документарен филм
Британскиот крал Чарлс III. ќе продуцира документарен филм со „Амазон“ кој ќе се фокусира на неговата „филозофија на хармонија“. Добротворната организација на кралот, „The King’s Foundation“, ја опиша соработката како значаен филм.
Документарецот моментално се снима во Дамфрис Хаус во Шкотска и ќе се инспирира од книгата напишана од монархот. Истиот треба да се емитува кон крајот на оваа година или почетокот на 2026 година.