Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кралското семејство на миса за принцот Филип: Кралицата Елизабета заплака за својот сопруг

Магазин

Кралското семејство на миса за принцот Филип: Кралицата Елизабета заплака за својот сопруг

Речиси една година по смртта на принцот Филип и неговиот погреб кој се одржа под строги протоколи поради пандемијата, Кралицата го собра своето семејство на служба за да му оддаде почит на нејзиниот покоен сопруг со кого беше во брак 73 години.

Кралицата беше фотографирана со солзи во очите додека присуствуваше на црковната служба за принцот Филип, во она што беше нејзино прво големо појавување во јавноста по неколку месеци.

Таа на службата пристигна заедно нејзиниот син, принцот Ендру, што ќе се чита како јасен сигнал за поддршката на монархот за нејзиниот син.

Настанот беше широко посетен од членовите на кралското семејство, вклучително и принцот Чарлс и Камила, војводата и војвотката од Кембриџ, двете нивни деца, и останатите деца, внуци и правнуци на Кралицата и покојниот принц. Принцот Хари и Меган одлучија да не присуствуваат на службата. Тоа беше прв пат принцот Џорџ и принцезата Шарлот да отидат на голема јавна црковна служба.

Околу 1.800 луѓе присуствуваа во опатијата – за разлика од погребот на Филип во капелата Свети Џорџ, Виндзор, кога само на 30 луѓе им беше дозволено присуство поради строгите ковид протоколи, а кралицата седеше сама поради правилата за социјално дистанцирање.

Во Лондон пристигнаа и претставници на неговите добротворни организации, како и членови на европските кралски семејства.

 

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.