Занимливости
Кучињата можат да „намирисаат“ лоши луѓе
Секој сопственик на куче се соочил со случај да се сретне човек, кој без очигледни причини провоцира лаеж на неговиот миленик.
Постои причина за оваа реакција, а таа е дека кучињата можат да ги „намирисаат“ лошите луѓе.
Ние всушност ретко сфаќаме што навистина претставува носот на нашиот најдобар пријател. Додека ние, луѓето, имаме само околу шест милиони мирисни рецептори, нашите четириножни миленици имаат околу 300 милиони. Значи, дел од нивните сетила на мирис се 40 пати посилни од човековите.
Докажани е дека кучињата можат да почувствуваат суптилни промени во хемиската рамнотежа на телото на луѓето преку нивниот нос. Слично на тоа, тие можат да предупредат за развој на рак, промени во шеќерот во крвта и чувствуваат промени во расположението.
Така, најдобриот пријател на човекот, исто така, ги препознава лошите поединци меѓу добрите. Кога сме во одредена емоционална состојба – среќа, бес и тага – кучето ги намирисува хемикалиите, кои нашиот мозок ги лачи и ги препознава особините кои се невидливи за човечкото око.
Затоа следниот пат кога вашиот влакнест пријател ќе се разлае без причина кон некој ваш познаник, можете си сигурност да се потпрете на неговата проценка и да стоите настрана од тој човек.