Магазин
Лавата од хавајскиот вулкан Килауеа го разбранува Тихиот Океан
Вулканот Килауеа е активен вулкан што се наоѓа на Хаваите и е најактивен од петте вулкани што го сочинуваат овој остров.
Снимките што доаѓаат од Хаваите навистина се неверојатни, а погледот на „водопадот“ од лава ќе Ве остави без здив. „Водопадот“ се формира во хавајскиот национален вулкански парк откако дел од земјата се одрони на 31 декември 2016 година.
Снимателот и фотограф Ворен Финц го регистрира ова неверојатно случување.
-Ова е едно од убедливо најфасцинантните случувања во кои сум присуствувал во овие десет години колку што фотографирам лава, рече Финц за „Нејшенел џеографик“.