Занимливости
Ленсојс Маринјенсис – прекрасен природен парк со песочни дини и сини лагуни
Иако на прв поглед можеби наликува на место од бајките направено со човечка рака, сепак, Ленсојс Маринјенсис е прекрасен природен пејсаж.
Тоа е национален парк на североисток на Бразил со песочни дини и кристално сини лагуни.
Тие се длабоки околу три метри и во одреден период од годината се загреваат и до 30 степени Целзиусови.
Иако потсетува на пустина, во Ленсојс, сепак, паѓа дожд, што притоа ги полни лагуните со вода. Во некои дури влегуваат и риби од двете реки што минуваат низ националниот парк, а птиците и желките ја населуваат нивната околина.
На гостите им се препорачува паркот да го разгледуваат со помош на водичи, бидејќи во него лесно можат да се загубат.