Магазин
Лет Сан Франциско – Токио за шест часа
Авиокомпанијата „Џапан Ерлајнс“ (ЈАЛ) во соработка со „Вирџин груп“ на Ричард Бренсон работи на производство на млазен авион, кој ќе може да лета и со брзина од над 2.200 километри на час.
ЈАЛ најави дека се обложува во 10 милиони долари дека ќе успее да реализира комерцијален лет од Сан Франциско до Токио за најмногу шест часа. Бренсон пак, најави дека би можел да набави 10 вакви суперсонични авиони.
Авиокомпаниите се борат за богати клиенти, правејќи од својата прва класа – вистински луксуз.
Но сепак, никој се уште не успеал да го обезбеди најголемиот луксуз што патниците го бараат – времето. Сепак, ЈАЛ верува дека и тоа може да стане реалност.