Занимливости
„Летот на ангелот“ на отворањето на Венецијанскиот карневал (ВИДЕО)
Повеќе од 20.000 луѓе во шарени маски и костими вчера го проследија почетокот на Венецијанскиот карневал, кој традиционално беше отворен со „Летот на ангелот“.
Туристите и жителите на Венеција гледаа како 19-годишната студентка Елиса Константини прикачена за сајла од 80 метри виси од црковната кула висока 99 метри. Таа притоа фрлаше конфети врз насобраните луѓе.
Венецијанскиот карневал официјално почна вчера, а завршува на 13 февруари.
Карневалoт првпат се организирал во чест на воената победа во 1162 година. Во 17. и 18. век станува меѓународно познат, но во 1797 година, како и носењето маски, е забранет од страна на австрискиот цар. Традицијата е обновена во 1979 година.