Магазин
Лос Анџелес за почетници – ова се местата кои мора да ги посетите
Одморот во Лос Анџелос се разбира дека можете да го потрошите на тематски паркови, разгледување на излози на Родео Драјв или во обид да направите најдобра фотографија со знакот Холивуд, но за навистина да ја почувствувате културата и возбудата на западниот брег и на самот град на ангелите, најдобро би било да испробате нешто од следново:
Опсерваторија Грифит
Иконата на Лос Анџелес се наоѓа во паркот Грифит на врвот на планината Холивуд. Во оваа опсерваторија се одржуваат изложби на научни теми, но врв е секако планетариумот каде можете да уживате во преубавата ѕвездена претстава.
Книжарница Хантингтон
Иако сте помислиле дека тука се наоѓаат само полици со прашина со разновидни книги – тоа сепак не е така. Оваа институција е дом на славните слики на Синото момче, но сепак најубави се градините, кои се простираат на 12 хектари површина.
Улицата Олвер
Улицата Оливер е отворен пазар со кич сувенири, улични свирачи, на која се наоѓа и катедралата на Богородица од ангелите.Оваа улица е дом на еден од најдобрите мексикански ресторани во Америка.
Пазарот
Ретки се местата во САД каде можете да купите свежа хрна директно од производителот. Овој пазар е еден од нив. Сите производители кои се наоѓаат во радиус од десет километри оддалеченост од Лос Анџелес имаат свој штанд.
Гети музеј
Гети музејот е сместен на еден рид со преубав поглед на градот Џеј Пол Гети музејот е скриен дијамант на Лос Анџелес. Се што е во врска со овој музеј е преубаво: од неверојатна архитектура, ентериерот и преубавиот поглед – се е точно така како што би требало да биде.
Плажи
Ниту една посета на Лос Анџелес не е целосна без еднодневно излежување на плажа. Големиот избор може прво да ви биде проблем да се одлучите на која од плажите ќе го поминете денот, но кога ќе изберете одморот ви е загарантиран.