Занимливости
Луксузен одмор во пештерите на Кападокија
Името Кападокија според најстарите персиски записи значи „земја на убави коњи“.
Областа е значајна за Христијанството поради големиот број остатоци на древни цркви и манастири. Сепак, она што овој дел од Анадолија го чини привлечно за патувања и посети,се пештерите претворени во луксузни хотели.
Сликата ја комплетираат вулканските рамнини меѓу планината Еркијес, Мелендиз и Хасан, некогаш активни вулкани, а сега преубави пејзажи.
Најубав поглед на местово ќе добиете со возење со балон, по што оваа дестинација е и позната. Ургуп е најголем град и срцето на Кападокија, со своите туристички објети украсени со природни релјефи.