„Мајка, режисер, специјален пратеник на ОН за бегалци“ : Анџелина Џоли се приклучи на Инстаграм
Анџелина Џоли се придружи на Инстаграм за да зборува за опасната ситуација во која се најдоа жени, девојките, децата, но и мажите во Авганистан.
Оскаровката и хуманитарка направила профил на оваа социјална мрежа како би им помогнала на авганистанските бегалци и како би допрела до што повеќе луѓе ширум светот да делуваат.
Првата објава на Instagram на Џоли, вклучуваше слика од рачно напишано писмо за кое рече дека е испратено од една тинејџерка во Авганистан.
-Бев на границата со Авганистан две недели пред 11-ти септември, каде што се сретнав со авганистански бегалци кои бегаа од Талибанците. Тоа беше пред 20 години. Болно е да се гледа како Авганистанците се преселуваат од стравот и неизвесноста што ја зафатија нивната земја. Да потрошите толку време и пари, да се пролее крв и да се загубат животи само за тоа да се повтори, речиси е невозможно да се разбере. Со децении беше болно да се гледа како бегалците од Авганистан, некои од најспособните луѓе на светот ги третираат како товар. Знаејќи дека ако имаа услови и почит, ќе направат многу за себе. Запознав толку девојки и жени кои не само што сакаа да се образуваат, туку и се бореа за тоа. Ќе продолжам да барам начини да помогнам. И се надевам дека ќе ми се придружиш – порачала на Анџелина.
Анџелина на Инстаграм за 24 часа ја заследиле повеќе од 5 милион корисници.