Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Макрон: „Емили во Париз“ мора да остане во Париз

Магазин

Макрон: „Емили во Париз“ мора да остане во Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Variety зборуваше за популарната серија на Нетфликс „Emily in Paris“, чија четврта сезона неодамна беше прикажана. Серијата ќе продолжи да се снима, а фановите со нетрпение ја очекуваат петтата сезона.

Имено, сопругата на Макрон, Брижит, накратко се појави во четвртата сезона од популарната серија. “Бев многу горд на мојата сопруга, а таа исто така беше многу среќна што го направи тоа. Тоа се само неколку минути, но мислам дека уживаше. Мислам дека е добро за имиџот на Франција. „Емили во Париз“ е супер позитивна атракција за земјата“, рече Макрон.

Тој ја коментираше и последната епизода од серијата, во која главната актерка Емили се сели во Рим поради работа и љубов. Го прашале како ќе ја врати во главниот град на Франција. “Ќе се бориме жестоко. И ќе бараме од нив да останат во Париз! „Емили во Париз“ нема смисла да е во Рим”, се пошегува Макрон.

За потсетување, првиот дел од четвртата сезона на Емили во Париз пристигна на Нетфликс на 15 август оваа година, а вториот беше објавен на 12 септември. Оваа популарна серија го следи животот на Американката Емили Купер (Лили Колинс), која се сели во Париз поради работа, каде што нејзиниот живот целосно се менува. Во последната, четврта сезона, се појавија некои ликови кои го сменија текот на приказната и ја разбрануваа врската помеѓу Емили и Габриел (Лукас Браво).

Првата дама на Франција Брижит Макрон се појави во вториот дел од четвртата сезона. Уште пред новите епизоди, екипата од сетот објави фотографија на која Брижит позира со главната ѕвезда на серијата.

Откриено е дека Брижит носела сопствена облека во серијата и не и биле дадени посебни упатства за нејзината улога. Креаторот на серијата Дарен Стар изјави за магазинот Elle дека Брижит е позната по нејзината чудесна смисла за мода и дека е огромен талент. Идејата да се појави во серијата била на маса од 2022 година.

„Идејата ни дојде кога Дарен Стар и јас ја запознавме во Елисејската палата во декември 2022 година. Таа е огромен обожавател на серијата и со ентузијазам го прифати нејзиното спомнување во првата сезона. Снимањето сцени со неа во четвртата сезона беше истовремено чест и вистинско уживање“, изјави Лили Колинс.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.