Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МАЛКУ Е ПОТРЕБНО: Студентите од Економскиот факултет во хумана акција за помош на две семејства

Видео

МАЛКУ Е ПОТРЕБНО: Студентите од Економскиот факултет во хумана акција за помош на две семејства

Студенти од Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, втора година по ред успешно реализираа хуманитарна акција под мотото „Малку е потребно“, во која им се помогна и им се развесели секојдневието на две социјално загрозени семејства.

За двете семејства (четиричлено и седумчлено) беа обезбедени прехрамбени производи, средства за хигиена и играчки за децата. Инспирација за ваквиот подвиг беа нивните тажни животни приказни и лоша финансиска состојба која многу често ги остава без парче леб.

Самото име на иницијативата означува апел до сите луѓе кои сакаат да помогнат и да шират среќа дека малку е потребно да бидеш виновникот за нечија насмевка без разлика на тоа во колку загрозена состојба се наоѓа таа личност. Со цел да се разбуди емпатија и свест, како и во првата акција така и во оваа – се изработи видео кое се објави на социјалните мрежи и кое во себе содржи надеж за мотивирање на останатите луѓе да се вклучат во слични проекти.

Организатори на овој настан беа студенти на департманот маркетинг: Бранка Живковиќ, Антонија Тасевска, Бонита Колевска, Михаило Чалоски, Надежда Златко и Андреј Мартински, под менторство на доц. д-р Ежени Брзовска.

Компании кои го поддржаа овој настан беа центарот за ортотика и протетика – ,,СЛАВЕЈ”, компанијата за играчки ,,Атлантик Комерц” и ресторанот ,,ДАДА” .

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Видео

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.