Занимливости
МАРКЛ: Татко ми нема да присуствува на венчавката
Меган Маркл и стави крај на неизвесноста околу тоа дали татко и ќе присуствува на нејзината венчавка. Тој дефинитивно нема да биде таму.
– „За жал, мојот татко нема да присуствува на нашата свадба“, соопшти Маркл пред британските медиуми.
Притоа, таа ги замоли медиумите „да му остават простор да се посвети на своето здравје“.
Официјално, 73-годишниот Томас Маркл нема да дојде во Обединетото Кралство, бидејќи деновиве закрепнува по операција на срцето во болница во Калифорнија. Претходно, тој беше во центарот на скандалите околу две обвиненија за силувања што се случиле минатиот век и околу наводното продавање слики од подготовките на венчавката на извесна папарацо агенција.