Магазин
МАЖИ ПРОЧИТАЈТЕ: Времето на бради одмина
Иако на модата на големи бради од многу одамна се предвидува крајот, изгледа дека сега навистина заврши таа мода. Експертите прогнозираат дека набрзо целосно ќе излезе од мода.
Многу славни личности поставија мода на носење бради. Но според експертите, мажите носат се пократки бради, а хипстерските бради се се помалку популарни.
Некои најпознати светски имиња носат бради. Така на пример Џејми Дорнан или Адриан Тарнер се на врвот на списокот на Гламур магазин на „10 најсекси мажи во светот“.
Факт е дека осум од десет од мажите имаат брада, па се поставува прашањето: „Што се променило?“ „Очигледно е модата на „големи бради“ поминува. Нова опција е стрежена кратка брада, вели Лојд Хјуз, креативен директор на брендот men-u, додавајќи дека таа мода ќе продолжи и дека во 2017 година и повторно ќе биде во мода мазното лице.