Занимливости
Меган Маркл најверојатно ќе стане војвотка
Се посилни се гласините дека принцот Хари ќе ја одведе пред олтар глумицата Меган Маркл, која веќе ја прекина работата на серијата „Suits” и навести крај на глумечката кариера на сметка на титулата која ја чека кога ќе се омажи за принц.
Имено, таа нема да биде принцеза, исто како што ни Кејт ни Камила не се принцези. Меган има уште неповолна положба, оти принцот Хари не е престолонаследник.
По традиција, кралицата Елизабета им ги дава титулите на внуците на денот на венчањето. Гласините говорат дека на Хари, таа ќе му ја додели титулата – војвода од Сасекс, па така, Меган ќе стане војвотка.