Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Меган Маркл во Тексас им оддаде почит на жртвите од пукањето во основно училиште

Магазин

Меган Маркл во Тексас им оддаде почит на жртвите од пукањето во основно училиште

Меган Маркл, без придружба на сопругот, принцот Хари, ненадејно се појави во Тексас каде беше извршен масакр во основно училиште за да им оддаде почит на трагично загинатите.

Се чини дека пукањето во основното училиште во Тексас, во кое загинаа 19 деца и неколку возрасни, тешко ја погодило војвотката, која ненајавено се појави во близина на местото на масакрот.

Таа пристигнала на место каде властите подигнаа крстови во чест на секое убиено дете и учител. Таму Меган положи букет бели рози и им оддаде почит на сите починати.

Меган посетила и центар кој организира крводарителска акција каде донирала храна за крводарителите.

Иако не ги известила медиумите дека доаѓа, Меган била следена и од одредени камери, па се претпоставува дека тоа е дел од нејзината продукциска куќа „Archewell“, како и дека се снимаат сцени за претстојниот документарен филм на Нетфликс.

Сопругата на принцот Хари пристигна облечена во безбол капа, бела маица и фармерки и во придружба на нејзиниот телохранител Алберто Алварез, кој некогаш го штитеше Мајкл Џексон.

 

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.