Магазин
Меган Маркл за забраната на абортус во Америка: „Хари и јас многу зборувавме за тоа овие денови. Тој е феминист“
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (40) и нејзиниот сопруг, принцот Хари (37) разговараа со Глорија Стајнем и новинарката Џесика Јелин по одлуката на Врховниот суд да го отстрани уставното право на абортус.
-Никој не треба да биде принуден да донесе одлука што не сака да ја донесе, или не е сигурен или си го доведува животот во опасност. Искрено, без разлика дали се работи за жена која е доведена во незамислива ситуација, жена која не е подготвена да основа семејство, па дури и двојка која заслужува да го планира своето семејство на начин што ќе има најголема смисла за нив, се работи за тоа дека мораат да имаат избор – изјави Меган за магазинот „Vogue“.
Меган истакна дека е важно мажите да се приклучат во борбата за репродуктивни права.
-Мажите треба да бидат гласни бидејќи тоа се одлуки кои влијаат на односите, семејствата и заедниците во целина. Можеби се насочени кон жените, но последиците нè засегаат сите нас. Мојот сопруг и јас разговаравме многу за ова во последните неколку дена. Тој е феминист – призна војвотката.
Во интервјуто таа се осврна и на своето искуство со абортусот, кој го претрпе во 2020 година, пред раѓањето на нејзината ќерка Лилибет.
-Знам какво е чувството да се абортира, и претходно сум зборувала за тоа во јавноста. Треба да го нормализираме разговорот за работите кои влијаат на нашите животи и тела за што е можно повеќе луѓе да разберат колку е важно да ја имаат потребната заштита – рече Меган и напомена дека е бесна поради одлуката на Врховниот суд.
Инаку, Меган за првпат проговори за абортусот во колумна за „New York Times“.
-Да се изгуби дете значи да се носи речиси неподнослива тага, која многумина ја доживеале, но за која малку се зборува – напиша таа во ноември 2020 година.