Занимливости
Места кои не се видливи на Гугл мапите
Меѓу тајните места, кои не можат да се видат на Гугл мапите е воздушната база Волкел, Агенцијата за државна безбедност на Тајван, базата на НАТО Галенкирхен, Израел и границата меѓу САД и Мексико, објави порталот Бизнис инсајдер.
Воздушната база Волкел се наоѓа на половина пат меѓу холандските градови Ајндховен и Најмеген, а според документите кои ги објави Викиликс, американската војска наводно таму сместила 22 нуклеарни проектили заостанати од периодот на Студената војна.
Во близина на шпанскиот брег на Медитеранот се наоѓа темен дел на Гугл мапите, а се претпоставува дека таму се уште се наоѓа американски радарски систем за надгледување на тој дел на Медитеранот.
Едно од местата кое не е возможно да се види на Гугл мапите е и брдото над тајванскиот главен град Тајпеј, каде е сместена локалната разузнавачка агенција. До неа води само еден пат и не се гледа на ниту една сателитска снимка.
Што се однесува на Израел, постојат неколку снимки од воздух, но не е возможно да се зумираат, па сите згради се нејасни.
Исто така на самата граница на Германија и Франција, недалеку од Келн се наоѓа гратчето Галенкирхен во чија близина е воздушната база на НАТО која на мапите во голема мера е „нејасна“.
Во близина на шпанскиот град Картагина, нешто се крие позади темна дамка.
Голем дел од границата меѓу САД и Мексико е покриен со реката Рио Гранде. Сепак еден дел од реката во округот Худспет во Тексас е нејасен на мапите.
Дваесет километри од границата во близина на Сијудад Хуарез се заматени, а се верува дека тоа е направено за да се отежне шверцот на луѓе и дрога преку границата.