Магазин
Мет Лебланк и Кортни Кокс со емотивни објави се простија од Метју Пери
Мет Лебланк и Кортни Кокс му оддадоа почит на нивниот покоен колега од „Пријатели“, Метју Пери, споделувајќи ги своите омилени моменти со актерот.
Во вторникот, повеќе од две недели од смртта на Пери, Лебланк објави потресна порака на својот профил на Инстаграм во која се збогува со својот пријател. Покрај изборот на слики кои го прикажуваат парот во нивните улоги како Џои Трибиани и Чендлер Бинг во хит серијата, Лебланк (56) напиша:
„Метју, со тешко срце се збогувам со тебе. Времето што го поминавме заедно е меѓу омилените моменти во мојот живот. Ми беше чест да ја делам сцената со тебе и да те викам мој пријател. Секогаш ќе се насмевнам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај брате, конечно си слободен. Ти испраќам многу љубов и претпоставувам дека ќе ги задржиш 20-те долари што ми ги должиш“, напиша Мет Лебланк во емотивна објава.
Кортни Кокс на Инстаграм објави сцена од серијата со Чендлер, а откри и една тајна.
Актерката, кој ја играше Моника Гелер, која се омажи за Чендлер Бинг во шоуто, рече дека е „многу благодарна за секој момент“ што го имала покрај Пери. Таа на Инстаграм покрај клип од шоуто напиша: „Кога со некого работиш толку блиску како јас што работев со Метју, постојат илјадници мигови што би можел да ги споделиш. Засега, ова е еден од моите омилени мигови“.
„Да ви објаснам што се случува. Чендлер и Моника треба да имаат секс за една вечер во Лондон. Но, заради реакцијата на публиката, ова беше почетокот на нивната љубовна приказна. Во оваа сцена, пред да почнеме да снимаме, тој ми шепна смешна реплика што требаше да ја кажам. Често правеше така. Беше смешен и љубезен“ – напиша актерката.
Да потсетиме, актерот Метју Пери почина на 28 октомври, а беше погребан неколку дена подоцна на интимна церемонија на која присуствуваа само неговите најблиски членови на семејството и пријателите.
Пери е најпознат по улогата на Чендлер Бинг во култната серија „Пријатели“, а славната петорка која глумеше со него дојде да се прости за последен пат од својот пријател.
Тие во заедничката изјава изјавија дека се целосно скршени, а Метју им бил како брат.
– Комплетно сме скршено од загубата на Метју. Ние не бевме само колеги, ние сме семејство. Има толку многу нешта да се кажат, но сега ни е потребен момент да тагуваме и да ја процесираме оваа неразбирлива загуба. Кога ќе дојде време ќе зборуваме повеќе, кога ќе можеме. Засега, нашите мисли и нашата љубов се со неговото семејство, неговите пријатели и сите што го сакаа ширум светот – изјавија главните актери на „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер, во изјава за магазинот „People“.