Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Милано ја забрани употребата на селфи стиковите

Магазин

Милано ја забрани употребата на селфи стиковите

Властите во Милано ја забранија употребата на селфи стикови, лименки и стаклени шишиња,како и камиони со храна во обидите за построги казни и воведување ред во градот и во борбата против недоличното однесување во текот на летната сезона.

Од петокот, продажбата на лименки и стаклени шишиња е забранета во крајбрежната област Дарсена, а во баровите и пабовите пијалак може да се служат само во хартиени и пластични чаши.

Во таа зона е забрането „држење, носење, оставање на улица или носење какви било садови или лименки, како и употреба на селфи стикови“.

Подрачјето, на кое забраната се однесува е оградено со плоштади и улици: Piazza XXIV Maggio, Viale Gorizia, via Codara, Piazzale Cantore i Viale Giovanni D’Annunzio.

Забраната се однесува и на камиони со храна и засега ќе важи до 13 август. Исто така забранета е и употреба на петарди и останати пиротехнички средства.

Милано не е единственото место, кое забранило селфи стикови, претходно тоа во 2015 година беше направено во сите Дизни паркови во светот. Таква забрана се применува и во Забранетиот град во Пекинг и во Мека во Саудиска Арабија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.