Занимливости
Милионер си го истетовира сопствениот лик на грбот
Италијанскиот милионер Џанлука Ваки на грбот си го истетовира својот лик и на Фејсбук се пофали со новата тетоважа.
Педесетгодишниот милионер инаку е многу активен на социјалните мрежи и воглавно се појавува во гаќички за капење или во многу кратки панталони.
Тој минатата година имаше финансиски проблеми, бидејќи банка поради долг од 10,5 милиони евра му ги заплени јахтите и недвижностите.
Ексцентричниот Ваки овој долг го нарече „мал и неважен“.
Неговото семејство е сопственик на фармацевтска компанија, а тој го наследи богатството. Ако се суди според фотографиите кои ги објавува Ваки е зависник од теретана и тетоважи.
Тој често настапува и како диџеј.