Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

Магазин

Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

Никотинот е една од главните соединенија во тутунот и истиот е причината за создавање на зависност од пушењето.

И покрај тоа што повеќето пушачи знаат дека цигарите се лоши за нив и нивното здравје, тешко е да се откажат од зависноста на никотинот.

Употребата на тутун трае скоро седум века, постојат голем број заблуди за никотинот, најконтроверзната и најозлогласената состојка на ова растение. Проверете во продолжение колку знаете за никотинот.

1. Никотинот е најштетната состојка во цигарите

Мит. Најштетната состојка на цигарите е всушност самиот чад од тутунот кој се ослободува при согорување. Чадот од цигари содржи повеќе од 6.000 штетни и потенцијално штетни материи. Потврда дека никотинот не е главниот виновник за „болестите на пушењето“, иако предизвикува зависност, е самиот факт дека една од најприфатените терапии за откажување од пушење е онаа базирана на заменски производи кои содржат никотин, како што се добро познатите никотински фластери и мастики.

2. Никотинот предизвикува рак на бели дробови

Мит. Најсериозните здравствени проблеми од цигарите, како што се рак на белите дробови, емфизем на белите дробови и срцеви заболувања, се должат на некои од многуте останати токсични хемикалии присутни во чадот од тутун. Овие вклучуваат формалдехид, цијанид, амонијак и катран.

3. Никотинот предизвикува зависност

Вистина. Ако консумирате производи кои содржат никотин, треба да знаете дека по само 10 секунди, никотинот се апсорбира во крвотокот и почнува да активира разни хемиски супстанции, вклучувајќи адреналин (епинефрин) и норадреналин (нор епинефрин). Ова овозможува стимулирање на телото и го зголемува протокот на крв во мозокот.

4. Никотинот го има само во тутунот и тутунските производи

Мит. Никотинот бил изолиран од растението тутун во 16 век и оттогаш е постојан предмет на научно истражување. Можеби затоа погрешно веруваме дека се наоѓа исклучиво во ова растение. Вистина е дека е најконцентриран во тутунот, но го има и во ниски проценти во некои видови зеленчук, како што се компири, домати, модри патлиџани, а го има и во популарните гоџи бобинки кои спаѓаат во категоријата на „супер-храна“.

5. Никотинот негативно влијае на бремените жени

Вистина. Поради своите својства и фактот дека станува збор за супстанца која не е без ризик, како и супстанца која создава зависност, научните истражувања покажаа дека никотинот може негативно да влијае на бремени жени, доилки, како и лица со претходно постоечки срцеви проблеми, висок крвен притисок или дијабетес. Затоа, строго се препорачува на сите кои спаѓаат во овие категории да не користат тутун или производи од никотин во каква било форма.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.