Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МЛАДОСТ БЕЗ ЛУДОСТ: Нови графити со интересни пораки се појавија во Скопје (ФОТО)

Магазин

МЛАДОСТ БЕЗ ЛУДОСТ: Нови графити со интересни пораки се појавија во Скопје (ФОТО)

Илустративни пораки, уметнички креации, графити….. како и да ги наречеме станува збор за интересни примамливи сликовити пораки што одземаат внимение и будат интерес. Секој ги толкува и ги доживува на различен начин, но сите многу вешто ја откриваат главната порака.

Нови графити на повеќе локации во Скопје викендот го одземаа вниманието на скопјани.

Граѓаните делумно зачудени, но истовремено и заинтригирани. Кој е авторот на овие графити, која е пораката што се пренесува?

Несомнено станува збор за креативни творби кои се добро осмислени и кои имаат цел да го свртат вниманието на лубопитните минувачи. Граѓаните се љубопитни и нетрпеливи. Загатката не е докрај одгатната.

Бидејќи никој не е потпишан под самите графити не е јасно дали станува збор за герила акција, некое ново младински движење, ноќен клуб или пак станува збор за некоја комерцијална кампања во чии фокус се токму младите.

Дилемата е отворена. Останува да почекаме и „виновникот“ за овие графити да ја реши и да открие за што станува збор. Дали „Младост без лудост“ е новиот слоган на некоја кампања или станува збор за група млади луѓе кои само сакаат да ја изразат нивната младешка креативност преку овие графити.

На крајот се отвора прашањето: Што е младост без лудост? Кој е одговорот на оваа дилема?

До тогаш останува да погодуваме. Можеби оние кои се подосетливи ќе откријат за што станува збор. Кој знае?

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.