Модни трендови
ФЕШН „АУТ“: Џенифер Лопез облече кратки чизми и го шокираше модниот свет (ФОТО)
Џеј Ло деновиве навистина го освојува вниманието на јавноста со враќањето на старата љубов и папарацо фотографиите со Бен Афлек. Бидејќи папараците ја следат буквално во секој чекор, ја фотографираа во летно изданието кое за брзо се претвори во модна грешка, поради лошиот избор на чевли на познатата пејачка.
Имено, Џенифер Лопез била фотографирана како влегува во познатиот бутек „Ралф Лорен“ со нејзиниот син Макс, во лесно летно издание – комбинација на облека во знакот на бохо стилот, која се состои од макси здолниште во комбинација на контрастни нијанси со краток бел топ.
Сепак, пејачката не одлучи да го искомбинира стајлингот со бохо сандали за едно вакво практично и убаво летно издание, туку облече – кратки чизми!
Но, по оваа модна грешка, Џеј Ло сепак ја поправи грешката, па веќе на следната фотографија, на светот му ги покажа своите шокантни златни чизми со огромна платформа. Џенифер ја означи фотографијата со „моден петок“, а стајлингот е комбинација на беспрекорен деловен стил и провокативна сценска слика.