Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кралска елеганција по пристапна цена: Принцезата Кејт Мидлтон повторно во фустан од „Зара“ од 19 евра

Модни трендови

Кралска елеганција по пристапна цена: Принцезата Кејт Мидлтон повторно во фустан од „Зара“ од 19 евра

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, по успешно завршеното лекување, постепено се враќа на своите кралски обврски. При последната посета на детски хоспис во Јужен Велс, таа привлече внимание со елегантен, но достапен моден избор – кариран фустан од „Зара“ вреден само 16 фунти (19 евра), кој веќе го носела неколку пати од 2020 година.

Изгледот го надополни со елегантен капут во боја на слонова коска од Крис Кери, обетки од „Спелс оф лав“ и чевли од „Расел енд Брумли“.

Маркетинг

Посетата на хосписот „Тај Хафан“ е дел од нејзината поддршка за регионот. „Горда сум што сум покровител на ‘Тај Хафан’“, напиша таа на официјалниот профил на Кенсингтонската палата на Икс.

Ова е нејзин втор јавен ангажман оваа недела, откако на 24 јануари присуствуваше на комеморацијата за Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот со принцот Вилијам. Кралските извори велат дека нејзиното враќање на должностите се одвива постепено, а распоредот се прилагодува од недела во недела.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Модни трендови

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.