Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонскиот топ-модел Елена Реи во нова кампања за сингапурскиот престижен бренд „Фелин“

Модни трендови

Македонскиот топ-модел Елена Реи во нова кампања за сингапурскиот престижен бренд „Фелин“

Македонскиот топ-модел Елена Реи, која веќе подолго време гради успешна кариера во Азија, неодамна стана заштитно лице на кампањата за накит на престижниот бренд „Фелин“ од Сингапур. Оваа ексклузивна колекција на модни додатоци е наменета за претстојната модна сезона и веќе привлекува големо внимание во светот на модата.

Кариера со глобален успех

Со повеќе од 15 години искуство во модната индустрија, Реи важи за една од ретките Македонки кои интернационално постигнале неверојатен успех. Според Моделс ИН Менаџмент, агенцијата што ја претставува, таа се издвојува по нејзината извонредна трансформација и професионализам, што ја прави вистински пример за врвен модел.

Маркетинг

Следна дестинација – Шангај

По ангажманите во Токио и Сингапур, Реи заминува за Шангај, каде што ќе биде дел од рекламна кампања за новата колекција на светски познат дизајнер.

„Горди сме што токму таа ја претставува Македонија на светската модна сцена. Како нејзина матична агенција, остануваме нејзина вечна поддршка“, велат од Моделс ИН Менаџмент.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Модни трендови

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.