Модни трендови
Меланија Трамп го диктира новиот тренд во маникирот – глазирани нокти
Првата дама на САД, Меланија Трамп, повторно е во фокусот на вниманието, овојпат со својот избор на маникир за инаугурацијата на Доналд Трамп. Покрај елегантниот фустан со потпис на Ерве Пјер, нејзините нокти предизвикаа интерес, претставувајќи го најновиот тренд – глазирани нокти.
Интересен факт: Глазираниот маникир е инспириран од сјајот на глазура на американските крофни. Оваа техника комбинира нежни нијанси како беж или пастелно розова со финален сјаен слој, создавајќи мазен, ефектен изглед.