Модни трендови
Наострете ги сетилата ова лето со SuperDry (ВИДЕО)
Наострете ги сетилата ова лето и оставете SuperDry да ве понесе на патување каде не постојат граници, каде енергијата е до небото и секој ден е полн со безброј можности.
Разнобојна и разиграна, кампањата на SuperDry, нè води на сосема ново ниво и порачува максимално да се искористи секој ден од ова лето.
Кампањата под слоганот “Summer or nothing” e исполнета со визуелно уживање преку имиџи како забави покрај базен, сурфање, скејт борди и сè што е поврзано со магијата на летните денови. Овој концепт е дополнет и со краток моден филм режиран од креативното дуо од Лос Анџелес, Radical Friend, додека пак фотографиите за кампањата се направени од страна на James Pearson – Howes. Испреплетувањето на нивните различни стилови резултира во смели и единствени креативни решенија во кои доминира колекцијата SuperDry лето 2019.
Производите кои се дел од колекцијата нè водат на разиграно и разнобојно патување низ светот. Свеж и иновативен дизајн на производите, збогатен со креативни, интернационални влијанија.