НОВО ЗАШТИТНО ЛИЦЕ: Дуа Липа стана „Версаче девојка“ (ФОТО)
Дуа Липа и официјално стана новото заштитно лице на „Версаче“, а познатата пејачка ќе биде дел од кампањата за есен/зима.
Информацијата сепак не ги изненади фановите, затоа што Дуа Липа го носи и надимакот „Версаче девојка“.
Промоцијата на новата соработка, а воедно и новата колекција се закажани за 30 август, а инспирацијата доаѓа од грчкиот стил и градби, со наслов „La Greca“.
Пејачката на својот профил објави дел од фотографиите од соработката и јавно се заблагодари на Донатела Версаче за соработката и довербата.
Погледнете ги новите фотографии: