Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Пет фризури за совршениот состанок за Денот на вљубените

Модни трендови

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Пет фризури за совршениот состанок за Денот на вљубените

Денот на вљубените е тука, вашиот партнер ве покани на романтична вечера, а вие се уште размислувате како да изгледате на совршениот состанок?

Нашиот пријател – стилист од „Мое студио Дадар“ – Борјан Стојков ве советува како да ја одберете соодветната фризура која најмногу ќе прилега на вашиот финален изглед.

Класичен ретро изглед што вклучува брановидна фризура без оглед на тоа дали ќе биде собрана или пуштена, е секогаш сигурен избор кога се работи за посебни пригоди. Ваквата фризура одлично може да се комбинирана со земјени, седеф тонови на сенки за очи, туш и класичниот црвен/бордо кармин.

За да имате едноставна, а многу тренди фризура, обидете се да ја фатите косата во репче. Косата собрана во коњско репче, пунџа или спуштен реп е секогаш добар избор. Во таков случај, може да си поиграте со шминката, на пример може да ги нагласите очите со техниката „smokey eyes”, а устата може да биде во беж нијанса или само со сјај за уста.

Борјан ве советува дека никогаш нема да погрешите доколку ги изберете овие растурени локни.

За посилниот пол, пак, наједноставна е кратката фризура, со поголема должина кон врвот. Ова е популарна фризура со добра причина. Изгледот се одржува многу лесно со само малку гел за коса, а оваа фризура им прилега речиси на сите облици на лицето.

За оние похрабрите, Борјан препорачува „помпадур“. Впечатливата фризура дефинитивно се врати повторно во мода. Можно е да се постигне со различни должини на косата, а со таква фризура ќе покажете дека ја сакате и следите модата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Модни трендови

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.