Модни трендови
Водителот Зоки Фаци – модна икона за 2016 (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Модните критичари во Македонија го избраа водителот Зоран Василевски, познат во јавноста како Зоки Фаци, за модна икона за 2016 година.
Тие велат дека Фаци изминатата година ја диктирал машката мода во Македонија, секогаш појавувајќи се во внимателно одбрана комбинација од разни познати модни брендови.
Инаку, Зоран Василевски на својот фејсбук профил често објавува фотографии од неговите дневни модни комбинации на кои можат да се забележат скапи брендови како „Долче и Габана“, „Прада“, „Филип Плеин“ и многу други, што според модните критичари го става на врвот на најдобро облечени водители за 2016.
Нашата редакција стапи во контакт со Фаци, кој во кратка изјава рече:
– „Секогаш се трудам да бидам свој, да оставам трага… не ми пречат погледите на луѓето затоа што секогаш носам темни очила, во мојот плакар секогаш има едно цело богатство, цела модна приказна. Ви благодарам за оваа титула, и би сакал да ви порачам да бидете секогаш свои колку и тоа останатите да не го сакаат. На крајот, можeби нешто и ќе научат од вас. Секогаш бидете свои и посебни!“- вели Зоки.
Во продолжение погледнете неколку модни комбинации од неговата фејсбук архива: