Модни трендови
Зендеја со уникатен стајлинг го креираше новиот пролетен тренд (ФОТО)
Американската актерка Зендеја Колман го промовира новиот пролетен тренд на филмскиот настан во Лас Вегас.
Нејзиниот стајлинг беше креиран со врвно познавање на класичната мода и најмодерните трендови во 21 век.
Најмногу внимание предизвикаа широките панталони кои одговараат на секоја фигура, а комбинирани со белите обувки создаваат убава хармонија на умерени бои.
Оние кои ја следат модата веќе почнаа да се заљубуваат во овој нов пролетен тренд кој Зендеја го предизвика со нејзиниот храбар, моќен и оригинален стајлинг.