Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најбараните криминалци ќе се најдат на божиќен календар на Европол

Занимливости

Најбараните криминалци ќе се најдат на божиќен календар на Европол

Божиќните или адвентски календари, што ги одбројуваат деновите од 1 декември до Божик по грегоријанскиот календар на 24 декември, традиционално содржат најразлични мотиви и подароци.

Но, оваа година Европол претставува своја верзија на онлајн божиќен календар, на кој се ликовите на најбараните криминалци во Европа.

– Од 1 декември, па во наредните 23 дена, секојдневно ќе објавуваме по еден бегалец од некоја од членките на Европската унија. Се работи за сторители на сериозни кривични дела, како што се убиства, тероризам, киднапирања, силувања и шверц на дрога. Дневно, еден лик на криминалец кој моментно е во бегство, ќе биде објавуван на Фејсбук и Твитер, изјави вчера портпаролот на Европол, Џералд Хестер.

Денеска ќе биде објавена фотографија на Тибор Фоко (60) од Австрија, кој е осуден и се бара за убиство на проститутка во 1986 година. Тој побегнал од затвор во 1995, а наградата за информација што би помогнала за негово повторно апсење, изнесува 2.900 евра.

– Се надеваме дека на 24 декември ќе им дадеме убав подарок на луѓето, така што ќе фатиме некои од овие криминалци, рече Хестер.

Од 1 јануари, па досега, со објавувањето на потерниците онлајн и на социјалните мрежи, се уапсени вкупно 24 бегалци-затвореници.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.