Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најдобри одлуки се носат на празен стомак

Занимливости

Најдобри одлуки се носат на празен стомак

Иако старата поговорка вели дека „стомакот нема уши“, и кога сме гладни мислиме само на храна, ново истражување покажува дека најдобрите одлуки се носат токму на празен стомак.

И самите истражувачи, чија студија е објавена во списанието „PlosOne“, признаваат дека кога сме гладни имаме тенденција дека губиме контрола над себе и оти единствено за што размислуваме е нешто да каснеме.

Научниците, меѓутоа, утврдиле дека гладот не принудува да се концентрираме на својот инстикт, кој во случај на носење долгорочни, комплексни одлуки може да биде особено ефикасен бидејќи ни помага подобро да ги согледаме последиците, а со тоа рационално да „измериме за и против“.

Во текот на тестот, истражувачите од 30 испитаници барале да се воздржат од јадење од 11 часот навечер до следното утро, кога еден број од нив јаделе,  додека другите морале да го прескокнат појадокот.

Двете групи потоа правеле тест чија цел било тестирање и мерење на преземањето ризици и донесување кусорочни и долгорочни одлуки.

Се утврдило дека изгладнетите испитаници постигнале многу подобри резултати од ситите. Студијата, исто така, покажа дека гладот не поттикнува повеќе да ризикуваме, дури напротив.

Заклучокот на научниците дека гладот ја подобрува нашата способност за одлучување, под услов да не е претерана.

Всушност, никој од учесниците на тестот не се жалел на преголема глад, и останува да се види кое ниво на глад може да биде контрапродуктивно.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.