Магазин
Најдолг непрекинат лет на патнички авион во светот (ФОТО)
Авиокомпанијата „Ер Индија“ го воведе најдолгиот непрекинат лет на светот, кој ги поврзува Њу Делхи и Сан Франциско, преку Тихиот Океан, објави весникот „Тајмс оф Индија“.
За време на летот, кој трае 14,5 часа, авионите минуваат по 15.300 километри, а тоа што е најимпресивно е што „Ер Индија“ со новата линија успеа да ја скрати досегашната рута, што минуваше преку Атланскиот Океан со слетување, за 1.400 километри, со што и самото време за патување е пократко за околу два часа.
Оваа рутата ќе остане најдол непрекинат лет на светот се додека компанијата „Сингапур Ерлајнз“ по две години не го воведе најавениот директен лет меѓу Сингапур и Њујорк. Пилотите тогаш за 19 часа ќе минуваат 16.496 километри.