Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најголема пирамида на светот се наоѓа во јужно Мексико

Занимливости

Најголема пирамида на светот се наоѓа во јужно Мексико

Најголемата пирамида на светот не е Кеопсовата, туку Големата пирамида во градот Чолула во јужно Мексико, позата и како „планината направена од човек“.

Основата на ова древно ацтечко здание е дури четирипати поголема од онаа на Пирамидата во Гиза, а волуменот двојно поголем. Нејзината должина изнесува 450 метри, а таа е висока 66 метри.

Не е познато кој го изградил овој храм, но се проценува дека тоа се случило пред 2.300 години.

Древниот град е напуштен во 7-от или 8-от век. Шпанскиот освојувач Ернандо Кортез во 1519 година го зазел местото, но не ја забележал пирамидата, бидејќи материјалот од кој била изѕидана и мексиканската клима придонесле таа да биде обрасната со бујна вегетација.

На врвот на пирамидата пред 500 години е изградена и црква. Древното здание останало скриено за новата цивилизација се до 1910.

Истражувањата потоа открија дека во тоа место има вкупно шест пирамиди, изградени една врз друга, како и 400 гробови.

Денес пирамидата претставува најголем споменик што кога било е изграден од човекот и е многу популарна меѓу туристите.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.