Магазин
Најголемата пица од 60 сантиметри пристигна во градот!
Proper Pizza е познат ланец на пицерии што се шири и во Скопје. Покрај другите ексклузивитети единствено во оваа пицерија ќе се прави пица со димензија од 60 сантиметри во дијаметар. Вистински и автентичен рецепт за пица, докажан квалитет и баран вкус се причините што овој бренд присутен во неколку европски градови станува се популарен и поприсутен.
– „Отворањето на објектот во Скопје е природен развој на настаните, со оглед на тоа што сме присутни во неколку европски градови каде сме познати по нашиот автентичен вкус, пријатната атмосфера и високиот квалитет на услугата. Овие три работи ни помогнаа во создавање на бренд и негово ширење. Она што нè прави посебни е тоа што подготвуваме пица со најголем дијаметар и што нудиме решение за сечиј вкус, односно во нашата рецептура за пица сме приврзаници на оригиналната пица, а со разните додатоци овозможуваме вкусови соодветни и за најпребирливите. Со еден збор Proper Pizza е место за вистинска пица по желба во пријатен и релаксирачки амбиент што ретко се среќава во градов“, изјави ко-сопственикот Рамадан Реџепи.
На површина од 160 метри квадратни, гостите ќе може да уживаат покрај во вкусната пица уште и во модерен и софистициран ентериер, каде се употребени тонови на бои што стимулираат пријатни моменти со пријателите или семејството.
Proper Pizza е косовска франшиза на пицерии која што постои од 2002 година и за многу кратко време израсна во успешен ланец присутен во Австрија, Англија, Германија и Албанија, а наскоро е планирано ширење во Србија и Грција.
Новата пицерија е лоцирана во старата скопска чаршија. Ова катче на беспрекорната пица ќе работи седум дена во седмицата, од 9.00 до 24.00 часот во работни денови и во недела, а во петок и сабота до 1.00 часот по полноќ.