Занимливости
Најгостољубиви и најнегостољубиви градови во светот
Без разлика каде патувате во светот, туристички или деловно, секогаш сакате да знаете каков е градот кој ќе го посетите. Критериумите се бројни: цената на сметувањето, пијалоците, храната, квалитетот на сместувањето, чистината, климата, градскиот превоз.
Сепак она што секој град во светот го прави попривлечен е гостољубивоста на локалното население, поради што во некои градови се чувствувате како дома.
Гостољубивите луѓе и градови секогаш ве привлекуваат да им се вратите и повторно да го почувствувате нивниот дух.
Списанието, специјализирано за патување „Конде Наст“ го прогласи Сиднеј за најгостољубив град во светот. Оваа престижна титула австралискиот град ја доби благодарение на туристите, кои нагласија дека во Сиднеј не постои ништо што не ви се допаѓа. Сиднеј минатата година беше на петто место, а прв беше Мелбурн.
На второ место оваа година е Даблин во Ирска, а трет е Квинстаун во Нов Зеланд. Четвртото место му припаѓа на полскиот град Краков, петтото на Бриж во Белгија, шесттото на Единбург во Шкотска, седмото на јапонскиот Кјото, осмото на Будимпешта во Унгарија. Последните две места ги заземаат Олканд (Нов Зеланд) и Рејкјавик (Исланд).
Како што во се постои и другата страна на медалјата, така е и со љубезноста, односно нељубезноста на градовите.
Истото списание состави листа на најнегостољубиви градови во светот.
На прво место е Каракас во Венецуела, на второ Казабланка (Мароко), а на трето Гуангџу (Кина).
Потоа следуваат Гватемала Сити, Најроби (Кенија), Њу Делхи (Индија), Каиро (Египет), Москва (Русија) и Џакарта (Индонезија).