Магазин
Најскапата куќа во Соединетите Американски Држави
Во луксузниот кварт Бел Ер во Лос Анџелес, е изградена вила со четири ката, со плоштина од 3.530 метри квадратни, а вредна 250 милиони долари, што ја прави најскапото живеалиште во САД.
Проектот е на холивудскиот градежник и тајкун Брус Маковски, кој е и сопственик на тоа здание коешто има 12 спални соби (апартмани), 21 бања, пет барови, три кујни, кугларница, спа центар, кино сала со 40 седишта и базен со поглед на Лос Анџелес. Според кажувањата на сопственикот, ова можат да си го дозволат само 3.000 луѓе во светот.
– Кога некој има две, пет или 20 милијарди долари в банка… дали е подобро да ужива во секоја секунда од својот живот, оти ова не е проба, туку стварност, или сака само да ја гледа својата банкарска сметка?!, запраша хипотетички Маковски.
Прашан – каков е чувството да се биде во таа куќа, тој само рекол дека тоа е „осмото светско чудо”, во коешто „се чувствувате како да сте во Рајот”.