Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најубави ледени објекти во Европа и Северна Америка

Магазин

Најубави ледени објекти во Европа и Северна Америка

Пет најубави ледени туристички објекти во Европа и Северна Америка на гостите им нудат рибилов низ „подот“, мавање со снежни топки внатре, сауни, спа-програми, како и куглање на мраз.

Ако сте чувствителни на студ, ноќевањето во леден хотел и превозот со електрични санки можеби не ви звучи многу примамливо, но сепак станува збор за незаборавна авантура.

Ледените хотели се архитектонски чуда, кои траат од декември до април. Исклучок е хотелот „365“ во шведското село Јукасјарви. Како што зборува името, достапен е целата година, има 20 апартмани и комплетно е еколошки. Сепак уште на десет места на планетата и понатаму од  мраз се градат вакви хотели.

1. „Ескимска вас“, Словенија

Навистина, ова не е хотел, но и покрај тоа е многу интересен. Станува збор за игло-бар кој се наоѓа на Крањска гора. Се служат топли колбаси и топол чај. Во текот на вечерата се внесува кревет прекриен со крзно и кој ќе плати може да преноќи.

2. Снежен замок „Кеми“, Финска

Дворецот од снежни блокови се гради шест недели веќе 19 години и секогаш има ист распоред со 21 соба. Уметниците секогаш во мразот резбаат фигури од Заспаната убавица, а на масите од мраз може да се вечера топла супа или филе од риба. Дворецот има капела, па тука мошне популарно е одржување на веначвки.

3. Снежното село во Монтреал, Канада

Тука гостите се пречекуваат со коктели од мраз, а тие можат да избират игло, обична соба или леден апартман, а можат да уживаат и во снежните спа-програми под ѕвездите. Децата го сакаат овој хотел, затоа што е провиден, а играњето со снег е дозволено и внатре. Секоја недела има огномет, после филмските или ди-џеј вечери. Се топи веќе во март.

4. Хотел од лед, Романија

Езерото Балеа во Романија не е далеку, но овој хотел на врвот на замрзнатото езеро изгледа како крај на светот. Во сите соби температурата е под нулата. На оние на кои ќе им здосади скијањето, лизгање или сноубордот, може да се пријават за натпревар во мавање со снежни топки, куглање на мраз или правење на што поголем снешко.

5. „Киркенес“, Норвешка

Во Норвешка постојат два ледени хотела, а „Киркенес“ има поубава декорација од мраз. Се служат пијалаци од локални плодови, а друштво во барот ќе ви прават хаските и сите кучиња, кои можат да го издржат студот. За гостите се организира ловење риби преку дупка во мразот. Другиот хотел е „Сориснива“ и се состои од иглоа, до кои се стигнува со санки.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.