Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Највкусни десерти во 22 земји во светот

Магазин

Највкусни десерти во 22 земји во светот

Се вели дека не сте јаделе вистински, доколку оброкот не го завршите со десерт. Некои десерти се состојат претежно од овошје, други од тесто, додека некои содржат слатка павлака и чоколадо. 

Доколку одллучите да патувате во некоја од овие земји, никако не ги пропуштајте следните специјалитети:

Франција: Крем бруле

Овој десерт е омилен ширум Франција. Се состои од богат крем, прелиен со карамелизиран шеќер.

Индонезија: Дадар гулунг

На индонезиски јазик дадар значи палачинка, а гулунг виткање. Станува збор за зелени палачинки, полнети со кокосов шеќер. Во тестото се додадени мелени листови на растението пандан.

САД: Пита со јаболки

Меки, сочни јаболки, свиткани во слатко тесто со крцкава кора и прелиени со шлаг или сладолед.

Турција: Баклава

Еден од турските специјалитет, кој е особено познат на Балканот. Се состои од тенки кори, наредени една врз друга, а меѓу нив има просипани сецкани ораси. Слоевите го спојува густ шеќерен сируп.

Италија: Џелато

Улиците во Италија се преполни со ресторани, во кои се продава италијанската верзија на сладолед. Некои од најпопуларните вкусови се со малини, фстаци, рум и чоколадо.

Перу: Пикаронес

Станува збор за перуански крофни. Тестото се состои од компир, тиква, брашно, квасец, шеќер и анис.

Русија: Сирники

Русите се особено горделиви на овој десерт, палачинки, кои се прават од несолено сирење. По пржењето се прелеваат со џем, сос од јаболка, павлака и мед.

Шпанија: Тарта де Сантијаго

Тортата на Свети Џејмс, како што се нарекува во англиското говорно подрачје, има долга историја. Настанала во средниот век во Галиција, покраина во северозападниот дел на Шпанија. Се состои од бадеми.

Јапонија: Мочи

Во прашање е леплив ориз, од кој се прави густа паста и кој се формира во топчиња. Мочи е достапен во текот на целата година, а најчесто се јаде околу Нова година. Исто така претставува еден од најсмртоносните колачи во Јапонија, секоја година околу празникот неколку луѓе се задушуваат од нив. Претежно станува збор за постари личности.

Аргентина: Пастелитос

Овој десерт обично се јаде на Денот на аргентинската независност, а се состои од лиснато тесто со полнење од сладок компир или дуња.

Англија: Тортата Банофи

Оваа исклучително вкусна торта се прави од банани, слатка павлака, карамел крем, а понекогаш од чоколадо и кафе.

Бразил: Бригадирчиња

Се јадат на кој било голем бразилски празник, а се прават од чоколадо во прав, кондензирано млеко и путер. Смесата може да се обликува како колач, или да формира како бомбици, а потоа се поросува со чоколадни трошки

Кина: Колач „Змеева брада“

„Змеевата брада“ не е само национален десерт, туку и вид на традиционална уметност на изработка на колачи во Кина. Потсетува на бела чаура, а се состои претежно од шеќер и сируп од малтекс, на кој му се додава сусам, кикирики и кокос.

Белгија: Вафли

Овој десерт со путер се јаде топол, поросен со шеќер во прав или премачкан со нутела.

Индија: Гулаб џамун

Гулаб џамун е еден од омилените слатки јадења ширум југоисточна Азија. Во прашање се крофни во вид на топчиња, прелиени со шеќерен сируп. Се прават со млеко во прав и се пржат во еден вид путер, наместо во масло.

Австрија: Сахер торта

Доколку Австрија е позната по нешто, тоа е Сахер тортата. Овој густ, но и е пресладок чоколаден колач е измислен во 1832 година од Австриецот Франц Сахер. Рецептот и натаму е строго чувана тајна, а тортата се служи во хотелот Сахер во Виена.

Австралија: Лемингтони

Станува збор за коцки од пандишпан, пресечени на половина и премачкани со џем, прелиени со чоколадо и поросени со кокосово брашно.

Германија: Шварцвалд торта

Мешавина од слатка павлака, чоколадна кора и цреши ја сочинуваат една од највкусните торти во светот.

Исланд: Скир

Скир е дел од традиционалната кујна на Исланд веќе илјадници години. Десертот налик на јогурт се служи студен, некогаш со додаток на млеко и шеќер или овошје.

Египет: Ом али

Се прави од лиснато тесто, млеко, шеќер, ванила, суво грозје, кокосово брашно и различни видови јаткасти плодови.

Шведска: Принцес торта

Преливот од марципан, кој обично е со зелена боја и дава на оваа торта единствен изглед и вкус. Под марципанот се наоѓаат слоеви на пандишпан, крем и слатка павлака.

Канада: Нанаимо коцки

Канадскиот популарен десерт го добил името по градот Нанаимо во Британска Колумбија. Се прави без печење, на подлога од сомелени кекси се прелива путер, кој потоа се прелива со топено чоколадо за готвење.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.