Магазин
Наоми Кембел главна ѕвезда на есенската кампања на H&M инспирирана од Париз
H&M е горд што има можност да ви ги открие чудата на Brasserie Hennes преку нов филм. Brasserie Hennes е фиктивна модна дестинација која го опфаќа стилот на уникатната париска Brasserie култура, и претставува совршеното место за да се доживее вистинската магија на Париз. Сите се поканети да седнат на отворено и да ја погледнат сензационалната стилска парада на улиците. Преку еволуција на универзумот на Hotel Hennes, Brasserie Hennes ветува нови авантури. Тука, модата е наменета за секого и сè може да се случи.
Наоми Кембел е во улога на парискиот моден инсајдер, а друштво во Brasserie Hennes ѝ прави љубопитниот турист, моделот Џил Кортлеве, која е тукушто пристигната во главниот град на модата. Со кафе во рацете, Кембел и Кортлеве гледаат како нивните млади колеги, креаторското дуо Young Emperors, моделот Џордан Берет, моделот Палома Елсесер и инфлуенсерките близначки Моли и Рис Блутстајн, поминуваат низ познатата француска калдрма покажувајќи го најдоброто што колекцијата H&M Есен-Зима има да го понуди. Режиран од Бардиа Зеинали, филмот зборува за сјајот на Париз, давајќи ни стилска инспирација на сите нас.
-Задоволство е да се работи заедно со H&M на овој филм инпсириран од град кој ми е толку близок до срцето. Одличната мода треба да биде за секого и неверојатно е да се види како оваа кампања го прославува токму овој слоган – вели Наоми Кембел.
Колекцијата Есен-Зима е олицетворение на парискиот стил: класична, самоуверена и променлица. Основните градски стилови, како мини-здолништата, популарните стилски палта и чизми (од западен стил до високите чизми до колена) се неопходните парчиња кои ви се потребни. Топлите тонови на портокалова, црвена и бургундиска боја се хармонизираат со практичниот стил, а силниот карактер се истакнува во колекцијата со сјајни модни додатоци, макро чанти и гломазни, впечатливи парчиња плетена облека.
-Добредојдовте во Brasserie Hennes: фантастично и магично место, од каде што отсјајува нашата колекција Есен-Зима 2022. Многу сме возбудени што ги носиме чудата на Париз во H&M и едвај чекаме да ги споделиме со вас – вели Ан-Софи Јохансон, креативен советник во H&M.