Занимливости
Натпревар на јапонски бебиња во плачење
Околу сто бебиња во Јапонија вчера се натпреваруваа во вриштење и плачење. Натпреварот традиционално се одржува 400 години, бидејќи вриштењето и плачењето се смета добро за здравјето.
Во храмот Сенсоџи во Токио, неколкумина сумо борачи имаа задача да предизвикаат вриштење и плачење кај бебињата.
Натправарот се разликува од регион до регион. Во некои натпревари победник е бебето кое прво врисне и заплаче, а во други е бебето кое најдолго и најсилни вришти.
Обичајот е еден сумо борач да земе бебе во раце и нежно да го тресе се додека не почне да плаче и вришти.
Во Токио победи бебето што најсилно вриштеше.