Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Научници: Месечината може да влијае на земјотресите

Занимливости

Научници: Месечината може да влијае на земјотресите

Земјотресите често се случуваат кога има полна или млада Месечина, оценија научниците во студијата објавена во новиот број на списанието „Нејчер џиосајенс“.

Јапонски научници го истражуваа влијанието на плимата на сеизмичките актиности оценувајќи дека тоа би можело да помогне во проценката на ризикот од земјотреси.

Во студијата се наведува дека не треба да се занемари влијанието на Месечината и Сонцето, како ни Земјината гравитација во случај на потенцијални потреси.

– Ние утврдивме дека постои врска меѓу плима и осека за зачестеноста и интензитетот на земјотресите, изјави научникот Сатоши Иде од Универзитетот во Токио.

Иде рече дека некои најголеми земјотреси во последните 20 годни се случиле за време на плима.

Научниците направиле листа од најсилните земјотреси кои се случиле за време на плима и осека, вклучувајќи го земјотресот на индонезискиот остров Суматра на 26 декември 2004 година во кое настрадале 220.000 луѓе, како и оној во Чиле во 2010 година  во кој загинаа повеќе од 520 лица.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.