Занимливости
Научниците тврдат дека го дешифрирале јазикот на пандите
Кинески научници тврдат дека го декодирале јазикот на пандите, а планираат да создадат и декодер што ќе го преведува нивниот говор.
„Индепендент“ пренесува дека кинески научници го дешифрирале значењето на 13 главни вокализации.
Истражувањето, кое траело пет години, покажало дека пандите користат специјални звуци за посебни состојби, како кога се среќни или гладни.
„Вау-вау“ значи дека се несреќни, а бебињата панди кажуваат „ги-ги“ кога се гледни.
Податоците од исражувањето научниците планираат да ги искористат за подобро разбирање на останатите врсти животни со кои ја делиме планетата Земја.