Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НЕДОПРЕНАТА ДИВИНА НА САД: Кањонот Рио Гранде

Магазин

НЕДОПРЕНАТА ДИВИНА НА САД: Кањонот Рио Гранде

Кањонот на реката Рио Браво дел Норте (Големата река на северот) во Ново Мексико, кој од март 2013 година доби стаутс на „Национален споменик“, е една од најдивите области на САД.

Кањонот Рио Гранде е формиран е пред околу 20 милиони години, кога базалтната лава протекла низ подрачјето, кое денес му припаѓа на северниот дел на Ново Мексико. Овие изливи повремено се повторувале се до пред две милиони години, кога вулканот експлодирал.

Поместувањето на тлото трае и ден денес: западниот дел на областа продолжува да се разделува од источниот, што предизвикува натамошно ширење на процесот и овозможува избивање на термални води, кои вулканот ги загреал на површината.

По смирувањето на вулканските активности, од планината Сангре де Кристо протекоа неколку реки кои заедно го пресекле патот низ потоците на  лава, формирајќи го кањонот Рио Гранде.

Иако оваа област е прилично оддалечена, во изминатите 13.000 години се населувале голем број народи – Палео Индијанци, Апачи, Јути, Команчи и Пуебло Индијанци. Самиот број на петроглифи ги вознемири  археолозите, кои тука пронајдоа голем брј населби, куќи, алати, стрели и делови од керамика.

Шпанците по доаѓањето во 1540 година ја основале населбата Таос, недалеку од индијанската населба Таос Пуебло која е основана пред 1000 години. Триста години подоцна Американците со сила ја преземаа областа од Мексико, воспоставувајќи доминација над Јутите, Команчите и Навахо Индијанците.

Ветераните на Првата светска војна се обиделе во 1920 година во долината Рио Гранде да изградат фарма, но набрзо биле обесхрабрени поради недостиг на вода, како и поради долгите и многу острите зими и многу топлите лета. Тие областа ја напуштиле 20 години откако „Хиспаносите“ (како што во САД ги викаат сонародниците по потекло од земјите на Средна и Јужна Америка) се населиле во влажната и плодната источна страна. Хиспаноамериканците се занимавале со сточарство, собирање на пињоли и берење лековити билки.

Разновидноста на пејсажите на подрачјето исто така претставува идеален услов за богатиот биодиверзитет, вклучувајќи ги речните видри, планинските лавови, црните мечки, јазовците, лосови, елени и северноамериканската прстеноопашеста мачка.

Долината е вистински рај за птиците, па така долж реката можат да се видат орли, црвеноопашести јастреби, соколи, па дури и диви гуски и штркови. Иако американскиот муфлон е протеран пред околу 80 години, Федералниот завод за заштита на животната средина, Таос Пуебло и Одделот за заштита на дивеч и риби во Ново Мексико ги здружија силите заедно за враќање во овие предели.

Туристите денес во долината Рио Гранде со задоволство пешачат, гледајќи ги птиците или ја надлетуваат областа со балони, а љубителите на интензивни активности на располагање ги имаат планинскиот велосипедизам и рафтингот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.