Видео
Неочекуван пресврт во квизот „Арена“! (ВИДЕО)
Забавните квизови се секогаш омилени кај публиката, а на македонските ТВ екрани, квизот „Арена“, веќе неколку месеци ја забавува македонската јавност на Алфа Телевизија. Во наредното издание на квизот оваа недела на 6ти ноември, завршува квалификацискиот период кога ќе бидат избрани долгоочекуваните 16 победници, кои ќе влезат во полуфинале.
Но, она кое е уште поинтересно е несекојдневната случка од вчерашната 15та емисија на квизот „Арена“, каде за прв пат натпреварувач одлучи демонстративно да го напушти натпреварувањето, со причина што еден од натпреварувачите ги знаеше сите одговори.
„Во исто време ми е и чудно и смешно, што натпреварувач кој заклучно со вчерашната емисија успеа да освои само 2 поени, налутено одлучи да го напушти студиото на Алфа, затоа што друг натпреварувач, со 120 поени, очигледно ги знаеше одговорите на поставените прашања.“, изјави Димитар Атанасовски, водителот на „Арена“.
Од организаторите известија дека напуштањето на овој натпреварувач според правилата и според евидентната висока бодновна разлика, нема да влијае врз текот на натпреварувањето на играчите во квизот, со кое што квизот „Арена“ ќе продолжи со своето темпо и наредната недела.
Квизот „Арена“ започна со емитување во летниот период, на 31ви јули, кога премиерно беше прикажана и првата емисија, кога квизот беше претставен во досега невидено светло, со целосно нов концепт, под палката на познатиот водител, Димитар Атанасовски. „Арена“ се емитува секоја недела на Алфа Телевизија, со почеток во 21:00 часот.