Занимливости
Несекојдневна нарачка од пицерија стана хит на Фејсбук
Пица-ресторанот „Филејс Чипи“ прими необична нарачка, кој стана хит на социјалните мрежи.
Имено една девојка со нарачаната храна, побарала и доставувачот да „помине до аптека“ и да и купи лекови.
– Дали можете, ве молам, да застанете во аптека и да ми купите лекови за настинка, ќе ви дадам пари. Нарачувам храна само за да добијам лекови, многу сум болна, напишала несреќната девојка во дополнителниот коментар со нарачката.
Ресторанот ја сподели необичната нарачка на Фејсбук со фотографијата на лековите кои доставувачот ги купил. Фотографијата за кусо време собра илјадници лајкови, а доставувачот стана херој на денот.